Лојалните работници заработуваат повеќе пари

1175 Views Јули 10, 2017 Office Камелија Делија

Иако наоѓањето на лојален вработен е најтешката работа за работодавачите, истражувањата покажуваат дека токму оние работници кои често менуваат работни места заработуваат помалку пари.

Во истражувањето спроведено над 50.000 вработени во софтверската индустрија во САД е утврдено дека работниците кои останале 5 години во иста компанија имаат за 8% повисока плата на годишно ниво, наспроти 5% кај работниците кои честопати ја менуваат компанијата за која работат.

Истражувањето покажало и дека тие се многи попродуктивни и покреативни од оние кои брзо си заминуваат.

Честата промена на работното место во потрага по повисоки примања не е препорачливо, освен во случај кога работникот оди во нова компанија поради предизвикот и напредок во кариерата, а не поради статус и моќ. Сепак и во тој случај е потребна претпазливост, се вели во студијата.

Оној кој се решава за промена на работното место треба да има вистинска причина за тоа и да не  прави пречести промени.

Луѓето кои пречесто менуваат работа поради малку повисока плата или функција, брзо ќе бидат откриени од работодавачите и овој факт нема да оди во нивна полза, заклучуваат американските истражувачи.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести