Прекројувањето на државната каса пред пратениците: Доставени 1.000 амандмани за ребалансот на буџетот

Расправата за ребалансот на буџетот ќе стартува денеска во Комисијата за финансирање и буџет. Поднесени се околу 1000 предлог промени на буџетот од ВМРО- ДПМНЕ и неколку од ДУИ.

Во ребалансот,се предвидува дефицитот на Буџетот да остане 2,9 отсто од БДП, а предвидениот раст да изнесува 2,2 проценти наместо првично предвидените 3 отсто.

Предвидено е кратење на расходите од речиси три милијарди денари и на капиталните инвестиции за исто толку.

Проекцијата на приходите е намалена од 187,6 милијарди денари на 184,7 милијарди денари. Кај расходите, проекцијата е намалена од 206,2 на 203,3 милијарди денари, а дефицитот останува проектиран на 18,6 милијарди денари.

Премиерот Зоран Заев при презентирањето на ребалансот кажа дека се скратени непродуктивните трошоци, а ќе се реализираат дел од најавените мерки во предизборната кампања.

Каде се најголемите кратења:

.-Ревидирање на приходната страна на буџетот за 1,5% надолу, односно за 2.907 милиони денари, во согласност со остварувањата во првите шест месеци од годината.

-Алоцирање на дополнителни 1.245 милиони денари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за да се обезбеди непречена исплата на пензиите и трошоците за вториот пензиски столб, нешто што требало да биде проектирано уште при проекциите на буџетот, како и дополнителни 200 милиони денари за навремена исплата на сите загарантирани социјални права на граѓаните на Република Македонија.

-Намалување на 10% сите непродуктивни трошоци на Владата и на сите нејзини институции како што се службените патувања, репрезентации, економски промоции и рекламирање, а најголемо кратење во оваа ставка е направена кај буџетот на премиерот, или ставката Влада на РМ односно околу 420 милиони денари

За кои од најавените проекти се обезбедени средства во Буџетот

-Субвенционирање на минималната плата, со цел истата да изнесува 12.000 илјади денари, од први септември.

-Со ребалансот на буџетот ќе бидат обештетени 3.000 стечајни работници кои досега не беа опфатени со постојните законски решенија. 

-Поддршка на домашниот туризам, преку субвенционирање годишен одмор за работниците со ниски приходи во износ од 60 милиони денари.

- Со износ од 9 милионии евра, или приближно 500 милиони денари, ќе се дополнат активните политики и мерки за поддршка за нови вработувања. Проект „Гаранција за млади“ со што на секој млад човек државата ќе му понуди или вработување, или дошколување, или практика и тренинг.

- Со околу 135 милиони денари ќе се обезбеди поддршка за малите и средни претпријатија како и за поддршка на домашни гринфилд инвестиции.

-Се обезбедуваат 500 милиони денари за поддршка во привлекувањето донации од ИПА програмата за интензивирање на активностите поддржани од Европската Унија.

-Поддршка на проблемот на земојделците којшто циклично се јавува секое лето и есен со директен државна интервенција Ќе започнат со постапка на нивелирање и тампонирање на полски патишта ширум цела Македонија во вкупна вредност од 30 милиони денари.

Кои министерства добија помалку, а кои повеќе пари за трошење

Повеќе пари со ребалансот на Буџетот добиваат Министерството за здравство и тоа за 4,4 милиони евра, а буџетот на Минстерството за информатичко општество и администратција е зголемен за 2,5 милиони евра.
Министерството за внатрешни работи има помал буџет за 6,7 милиони евра, а кај судската власт буџетот е скратен за половина милион евра.

Со ребалансот на Буџетот 95 илјади евра се скратени кај претседателот на државата, три милиони евра се скратени кај Агенцијата за странски инцестиции, а Агенцијата за млади и спорт има зголемен буџет за 1,5 милиони евра.

Гледано по министерства, во ребалансот на Буџетот помалку пари за трошење ќе има во буџетите на министерствата за одбраната, образование, финансии, за внатрешни работи, за правда, за земјоделство, транспорт и врски, а повеќе пари за трошење ќе имаат министерствата за земјоделство, надворешни работи, труд и социјала и економија.

Предвидено е постапката да трае до 29 јули, по што ќе следува собраниска седница со што се очекува првиот ребаланс на буџетот за 2017 да биде донесен околу Илинден.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Ќе има пари за „Купи куќа, купи стан“: Буџетот на финансии скратен за 1,3 милиони евра

Најголемиот рез кај Дескоска: Со ребалансот буџетот на Министетсвото за образование скратен за 21 милион евра

Мал рез: Со ребалансот скратен и буџетот на Уставниот суд

Ќе се догради Владата: Буџетот на Службата за општи и заеднички работи скратен за 6,5 милиони евра

Помалку пари и за пратениците: Со ребалансот за 600 илјади евра скретен буџетот на Собрание

Ребаланс: Буџетот на обвинителите скратен за 680 илјади евра

Со ребалансот скратен и буџетот на претседателот Иванов

Со реблансот зголемен буџетот на Агенцијата за разузнавање

Има пари за локални избори: Со ребалансот буџетот на ДИК скратен за 100.000 евра 

Преполовен буџетот на Агенцијата за странски инвестиции, помалку пари и за зоните

Ребаланс: Кои министерства добија помалку, а кои повеќе пари за трошење 

Се укинува радиодифузната такса, со ребалансот одвоени 3,2 милиони евра за финансирање на МРТ

Владата планира да се задолжи со 650 милиони евра до крајот на годината

Сите детали: Што е скратено, а што е додадено со ребалансот на буџетот

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови