Поплави во Грција: Македонско семејство кое летува во Торони се јавило во конзулатот во Солун

Како што веќе објавивме поради обилните врнежи предизвикани од циклонот „Медуза„, вториот крак на Халкидики е поплавен. Најпогодено место е Торони.

Грчките власти денеска ги евакуираа туристите, а според податоците на македонското Министерство за надворешни работи, меѓу нив има и македонски државјани.

Од МНР соопштија дека македонско семејство кое е на летување во Торони се јавило во конзулатот во Солун, но дека неговите членови не се во опасност.

Од МНР велат дека во македонскиот конзулат во Солун функционира дежурен мобилен телефон, +306987200410, на кој македонските граѓани во Грција можат да се обратат за помош.

Фото: Фејсбук/Βασιλική Καγιά

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) Вториот крак на Халкидики поплавен

Метеоролозите предупредуваат на поплави во Грција и порачуваат македонските туристи да внимаваат

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови