Туристите годинава се соочија со 30 проценти повисоки цени во Грција

Туристите што годинава се на летување во Грција, велат дека цените во ресторани и на плажа се поскапи за 30 проценти. Има поскапувања на пијалоците, храната, и лежалките за на плажа. 

„Секоја година на летување одиме во Грција, но оваа забележавме зголемување на цените. Потрошивме повеќе пари од вообичаено, а ги имавме истите потрошувачки навики како и претходните години“, вели С.М од Скопје.

Поскапување на цените е забележано и на островите, па така на пример во јуни одморот на некои од нив чинеше како во полн ек на сезона.

„На Скијатос престојувавме десет дена, во јуни, но беше скапо како во ек на сезона. Одморот не чинеше околу 1.000 евра, што сепак е скапо како за надвор од сезона“, вели В.К.

Иако од туристичките агенции не најавија дека ќе има поскапување на аранжманите, сепак поскапување има и кај апартманското сместување.

Па така, ако приватно сместување во апартмани било 350 евра, сега истото чини од 500 евра па нагоре.

Цените во Грција се зголемија од лани па наваму кога ДДВ се зголеми од 23 на 24 проценти.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести