(Фото+Видео) Висечки воз во Кина кој се движи помеѓу згради и над улици

Во градот Кингдао во кинеската провинција Шанг Донг постои најбрзиот висечки воз кој може да се движи до 70 километри на час.Простор на земјата заземаат само столбовите кои ја носат конструкцијата, додека возовите се движат и до десет метри над земјата.

На тој начин поминуваат над улиците, парковите, помеѓу зградите а во нив може да има и до 510 патници.

Инжинерите велат дека нивната можност за транспорт на патници и трипати подобра од регуларните возови и метроа. Возот е дизајниран да биде лесен, со средна брзина на движење. Се очекува д аима голем пазарен потенцијал посебно на планинските подрачја во поголемите градови.

Друга предност е што поставувањето и одржувањето на ваква железничка мрежа е поефтина од стандардната и може полесно да се направи.

Кина е трета земја во светот кој ја разви оваа технологија, по Германија и Јапонија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови