Програмата Paint на Мајкрософт заминува во историјата

Paint на Мајкрософт е на листата на програми кои ќе бидат отстранети или воопшто нема да се развиваат, пренесува Би-Би-Си.

Оваа програма е дел од оперативниот систем на Windows уште од 1985 година и е позната по својата едноставност. Наследникот на Paint, Paint 3D, сè уште ќе биде достапен.

Промени ќе претрпи и и Outlook Express, кој се заменува со вградената апликација за пошта и апликацијата Reader, која ќе биде интегрирана во Microsoft Edge.

По информациите дека апликацијата Paint заминува во историјата, се појавија многу пораки со RIP за оваа апликација, а луѓето изразија разочарување.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови