(ВИДЕО) Американците и Русите за прв пат по Студената војна заедно помагаа по земјотресот во Скопје

На 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Во земјотресот имаш 1.070 загинати и илјадници повредени граѓани. 

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. 

По неколку дена почнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Дури 87 држави во светот испратиле некаква помош во Скопје и помогнале тој да се изгради повторно, поради што градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести