Комбиња без возачи почнаа да се движат во Талин по повод естонското претседавање со ЕУ

Koмбиња без возачи почнаа да се движат од овој викенд во центарот на Талин во рамките на пилот проект, инициран по повод естонското претседавање со ЕУ, кое продолжува до крајот на годината.

- Пред петнаесетина години смартфоните, електронскиот потпис, електричните автомобили и автоматските каси во супермаркетите ни изгледаа како научна фантастика, изјави Мартен Каевац задолжен за новите технологии во естонската влада.

Тој истакна дека развојот на новите технологии е од водечко значење за Естонија и Европа.

Двата минибуса, кои можат да транспортираат до осум патници, ќе кружат во текот на шест дена неделно по маршрута во центарот на градот. Патниците не плаќаат ништо за ова патување. Водич ќе им ги објаснува техничките аспекти на проектот.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести