Гугл со нови методи на информирање при непогоди

Гугл воведува нов „сигнал за тревога“ во случај на природна непогода, терористички напад и други кризни и вонредни состојби на кои би можело да бидеме изложени.

Доколку во таква ситуација, корисниците на пребарувачот побараат информации за настанот, на самиот почеток од дадените резултати ќе се појави и итно предупредување.

Тоа ќе содржи мапи, свежи информации и податоци како што се важни итни телефонски броеви од надлежните, изјави претставникот на Гугл, Јоси Матиас.

Информациите што Гугл ќе ги проследува до нас, ќе доаѓаат од надлежните власти или пак, од извори како што се Црвениот крст и метеоролошки агенции. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови