Штети на лозјата поради горештините

363 Views Август 7, 2017 Вино Редакција Емагазин

Штети на лозјата поради горештините се регистрирани во Тиквешко како најголем лозарски регион во Македонија, информираше денеска Благоја Мишковски, долгогодишен професор по стручни предмети во земјоделско шумарското училиште „Ѓорче Петров” од Кавадарци.

- Оштетувањето е од јаката инсолација и високиот УВ-индекс и тоа само од западната страна. Ова е особено изразено кај лозјата на суво, а зависи и од сортата. На пример десертното грозје од сортата „викторија” е многу отпорно на сончев прегор, а трпезното „мишел” е најосетливо и се што се гледа надвор од листовите, изгорува сосе дршка, рече професорот.

Според него, постојат неколку мерки во ваква ситуација.

- Да не се лачат лозјата од страната на залезот на сонцето и поливање на лозјата пред да настапи топлотниот бран. Белите вински сорти не треба да се лачат воопшто за виното да има зеленкасто-жолта боја која е на цена, а не да има интензивна жолта боја, нагласи тој. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести