(Фото) Што вечераа фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед

7598 Views Август 10, 2017 Check in Камелија Делија

Фудбалерите на Реал Мадрид и на Манчестер Јунајтед како и првите луѓе на УЕФА, вкусија македонска храна приготвена од персоналот на ресторанот Воденица-Мулино во Скопје. 



Гала вечерата која што се одржа вечерта на 7. август, ден пред големиот натпревар кој се одржа на Арената Филип Втори изгледаше навистина отмено. 



-Искусниот тим на Воденица-Мулино имаше чест да ја подготви и послужи вип гала вечерата за купот на УЕФА во Скопје. Во нашата врвна услуга и деликатесни јадења уживаа фудбалерите на Манчестер Јунајтед и на Реал Мадрид, првите луѓе на УЕФА и други познати лица од спортскиот и политичкиот живот во Македонија, се вели во постот на Воденица –Мулино на нивната официјална Фејсбук страна.



Што вечераа фудбалските ѕвезди може да видите од фотографиите.

Фото: Воденица/Фејсбук

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови