Рускиот бизнисмен се повлече од „Вардар“: Што ќе се случи со бизнисите на Сергеј Самсоненко во Македонија

1475 Views Август 12, 2017 Наша тема Камелија Делија

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, сопственик на трите клуба на Вардар објави дека се повлекува од спонзорирањето на клубовите, а од наредната сезона ќе им ги препушти на претходнте сопственици.

Но освен спортските клубови, Самсоненко има многу други бизниси во Македонија. Дали со повлекувањето од Вардар најавува и повлекување и од другите бизниси?

Самсоненко заедно со семејството е во Македонија од 2006 година. Веќе 11 години непрекинато го шири својот бизнис на различни полиња.

Во 2014 година го изгради спортскиот комплекс „Јане Сандански”, заедно со хотелот „Русија”, инвестиција вредна 15,2 милиони евра. 

А спроти спортскиот центар ја гради црквата „Света Троица”. 

Самсоннеко својата бизнис-империја продолжи да ја шири и во 2015 година преку компанијата „СИС Балкан ДОО Скопје“, чии основачи се Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина, а во февруари 2015 година ја купија атрактивната парцела меѓу арената „Филип Втори“ и Паркот на франкофонијата во Градскиот парк во Скопје за 40 евра по квадратен метар. 

Истата година ја основа и авио компанијата „Сис Авитион”, која ќе се занимава со патнични авиосообраќај.

Рускиот бизнисмен Самсоненко, како што објави БИРН, ја презеде и „ДЦ Приме проперитис”, која ги гради Офицерскиот дом и хотелот до домот, на скопскиот плоштад „Македонија”. 

Двата објекта се во склоп на проектот Скопје 2014. Самсоненко компанијата ја презеде од грчкиот милјардер Димитрис Контоминас, кој првично во 2011 година го доби ова атрактивно земјиште и требаше да го гради домот. Инвестицијата во двата објекти се проценува на 40 милиони евра. 

Кон крајот на 2015 година, Самсоненко влезе и во млечниот бизнис, стана еден од сопствениците на млекарницата „Здравје Радово”, но година ипол подоцна се повлече од млекарницата односно го продаде својот удел.

Медиумите пишуваа и за други бизниси на Самсоненко.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Самсоненко се повлекува од Вардар: Не заслужувам вакви навреди

(Видео/Фото) Европските прваци на прием кај премиерот: Самсоненко му даде златен медал на Заев

Сергеј Самсоненко го зголеми капиталот во неговата авио-компанија на 11 милиони евра

Самсоненко излезе од млекарата Здравје Радово

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!