Итри начини како да најдете евтини авиобилети

Постојат неколку итри начини да најдете евтини билети за авион во последната минута во секоја точка на светот.

Daily Star објавуви селекција од совети со кои, наводно, може да Ви го обезбеди најевтиниот билет за авион.

Прво, најдобро е билети да се бараат не во сајтовите на буџетските авиокомпании, туку на сајтовите кои се занимаваат со споредување на цените - (Skyscanner, Opodo и други). 

Покрај тоа, кога влегувате на такви страници, добро е да го вклучите прелистувачот на режимот "инкогнито".

Туристичките сајтови често ги користат датотеките cookies, кои овозможуваат да се дефинира изборот на корисникот и да му се нудат поскапи варијанти за местата кои го интересираат.

Уште еден совет: може да ја намалите цената истовремено на резервираниот билети и на хотелот. Постојат специјални сајтови кои ја нудат оваа услуга. Меѓу нив е holidaypirate.com.

Профитабилен предлог може да најдете ако пројавите флексибилност во однос на изборот на локации и периодот на патување.

Да се штеди понекогаш помага и резервацијата во последната минута. Тоа е ризичен чекор кој сепак често дава добар ефект. Особено кога не сте во периодот на училишните одмори.

Авиокомпаниите ќе се обидуваат да ги пополнат местата во авионот и поради тоа цените на последните билети ќе бидат намалени.

Ако планирате да одите некаде во текот на летото, поради економски приоритети треба да ги искористите последните топли денови - на пример во крајот на август и почетокот на септември. Тогаш цените паѓаат.

Обрнете внимание и на билетите кај авиокомпаниите во средината на неделата - обично тие не се толку високи колку за време на викендите.

Се препорачува и да имате флексибилност во однос на изборот на место. Ако тоа не е толку популарно, ќе заштедете од фактот дека ќе има помалку туристи и пониски цени.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!