Марк Цукерберг заработил најмногу пари во 2017 година

183 Views Август 12, 2017 Свет Камелија Делија

Само уште некоја милијарда и ќе биде на врвот на најбогатите луѓе во светот, основачот на интернет гигантот Facebook, Марк Цукерберг, остварил најголема заработка годинава, а титулата најбогат човек на светот, има големи шанси да ја освои во наредните години. 

Според податоците на „Bloomberg“ тој заработил 21,3 милијарда долари, со што неговото вкупно богатство порасна на 73,1 милијарди.

На листата на „Bloomberg“ со најбогати луѓе во светот на прво место се наоѓа Бил Гејтс, осовачот на Microsoft, потоа следува Џеф Безос кој за кратко го освои врвот но, потоа падна вредноста на акциите на „Amazon“, трет е основачот на брендот „Zara“ Аманчо Ортега, четврти е финансискиот инвеститор Ворен Бафет, а петти е младиот Цукерберг.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!