(ФОТО) Интензивно се гради Луна паркот во Скопје

1282 Views Август 13, 2017 Локално Камелија Делија

Градот Скопје непречено го реализира проектот за изградба на новиот Луна парк во Скопје. Градежните компании во моментов работат на изведба на подземната инфраструктура, а веќе се завршени приклучоците кон водоводната и атмосферската канализација, објави Билд.



Паралелно со подземната инфраструктура, на терен се работи и на изведбата на првите бетонски елементи од внатрешноста на паркот, кој се основа за поставување на идните реквизити и за планираното езерце.

Летните дискотеки не се урнати во оваа фаза од реализацијата на проектот. Градежниот дел од проектот чини над 1,6 милиони евра.

Целиот текст на Билд може да го прочитате ТУКА.

Извор/фото: Билд

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови