Мермерен комбинат драстично ја зголеми добивката

Мермерен Комбинат АД Прилеп (“Друштвото”) за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2017 оствари приходи од продажба во износ од 757.372 илјади денари, што претставува зголемување за 122 % споредено со истиот период изминатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Остварена е оперативна добивка за периодот во износ од 333,001 илјада денари споредено со остварената оперативна добивка во истиот период во 2016 година во износ од 32,109 илјади денари.

EBITDA за периодот 1 јануари – 30 јуни 2017 година изнесуваше 407,662 илјади денари наспроти остварениот износ од 114,252 илјади денари истиот период изминатата година.

Крајниот резултат по оданочување за вториот квартал 2017 година е позитивен и изнесува 290,735         илјади денари, наспроти остварена добивка за истиот период минатата година од 22,408 илјади денари“, информираат од компанијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови