(ВИДЕО) Пред големиот празник: Змии повторно ја „окупираа“ црквата на Богородица на грчкиот остров Кефалонија

Религиозниот празник Голема Богородица е еден од најважните во Грција, која важи за прилично религиозна земја.

Кај нив овој празник се слави на 15. август, а поради различните календари ние го славиме на 28. август.

Во грчките медиуми деновиве една од топ темите е повторното појавување на малите змии во црквите по селата на островот Кефалонија, кои секогаш се појавуваат пред 15. август и буквално се „шетаат“ по иконите.



Интересен детал според пишувањето на грчките медиуми е дека некои од нив на главите имаат мал бел крст.

Локалните жители, но и туристите одат по црквите да ги допрат, бидејќи веруваат дека на тој начин добиваат благослов.

Една од црквите го носи името (во слободен превод) Богородица (Дева Марија) змија носител.

Во последното видеото овогодинешново „појавување“ на малите змии:

Фото: dimokratianews.gr/ploumistos.com/ Видео: FgTvGr/Antenna Cyprus/Nikos Melentis

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови