Македонските функционери или не се способни да создадат имот или го кријат

1789 Views Август 14, 2017 Мој став Петре Димитров

Неколкуте серијали во кои еМагазин Ви престави каков имот пријавиле новите функционери на различни нивоа, но и на пратениците, од кои добар дел со години се присутни во политиката, а богами и други бизниси, покажуваат колку несериозно сите тие ја сфатиле оваа законска обврска и истите ги пополниле ради реда.

Голем дел од анкетните листови поднесени до Државната комисија за спречување корупција се скудни, со по две-три информации, без детално образложување како тие го стекнале имотот, а проценките на вредноста на истиот се често далеку од реалноста.

Друга приказна е дали надлежните институции провериле зошто добар дел од нивниот имот е на брачниот другар или на нивните родители и дали пријавиле се, па со тоа најчесто се занимаваат медиумите, наместо тој што треба.

Од анкетните листови на македонските функционери произлегува заклучокот дека тие или се неспособни да создадат имот и да си купат дури и автомобил и по десет, дваесет години во политика (што му успева на просечно семејство со скромен буџет без врски, привилегии, мито, корупција и бенефиции) или истиот го кријат.

Ако не се способни за толку години да создадат имот за себе, како ќе создадат за државата и за нас?

Досегашното искуство за жал ни покажа дека не ќе е да е дека се неспособни.

А поразителен е и фактот што јавноста не може да дознае со каков имот си заминуваат од функција, поради некој си софтвер во Антикорупциска.

Работите се вака дваесетина години и за сега нема сигнал дека нешто ќе се смени. 

Не дај Боже да им чепнеш во медот на политичарите. Без раце ќе останеш.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.