Што знаеме за Ден Дончев, новиот директор на Фондот за здравство

1550 Views Август 14, 2017 Бизнис Камелија Делија

Со последниот бран кадровски промени, Владата го назначи Ден Дончев за нов директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, на местото на Сашо Стефановски кој досега ја извршуваше оваа функција.

Дончев на последните избори беше шеф на изборниот штаб на коалицијата на ВМРО-Народна партија, Обединети за Македонија и на Достоинство и беше носител на кандидатската листа во првата изборна единица. 

Дончев е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Телеком. 

Гласот на Дончев беше препознаен во наводното посредување меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и контроверзниот српски бизнисемен и Јовица Стефановиќ-Нини во договарањето на продажбата  на „Македонска банка“, за што во 2014 година, премиерот Зоран Заев на судењето по тужбата на Груевски за клевета за обелоденување на наводната корупциска афера при продажбата на Македонска банка, рече дека снимките на кои се слуша дека се договара исплата од 1,5 милиони евра во кеш при продажба на Банката му ги дал токму Ден Дончев.

Дончев беше еден од влијателните организациони кадри во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Тој живее и работи во Австралија и му беше близок соработник на Груевски.

Фото: Фејсбук/Ден Дончев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови