Нови прописи: Од 1. септември во ЕУ ќе се чисти само со „тивки“ правосмукалки

Новите прописи на ЕУ за правосмукалките кои треба да ја зголемат енергетската ефикасност и да ја намалат емисијата на јаглен-диоксидот, ќе почнат да се применуваат следниот месец. 

Максималното ниво на галама на новите правосмукалки е намалено на 80 децибели, што е многу помалку од многу правосмукалки кои се користат денес. 

Некои емитуваат ниво на галама над 95 децибели, а 85 децибели се смета за „активно ниво” при кое се препорачува заштита на ушите.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.