(Фото) Денеска се отвори познатото штипско кафуле Angels caffe кое беше затворено две години

22592 Views Август 16, 2017 Check in Редакција Емагазин

Денеска во Штип се отвори добро познатото кафуле „Ангелс кафе“.  Исто така „Ангелс кафе“ ќе го организира и Summer beach festival по петти пат (#SBF5) на 25, 26 и 27 август.

„Angels caffe“ доби дозвола за работа до 3 часот по полноќ тие три дена, заради што кафулето повторно се отвори.

Како што информираа од таму, по завршувањето на фестивалот локалот ќе се затвори три месеци за да комплетно се реновира и отпочне со нов изглед и нов почеток.

Добропознатите журки со пена, последниот пат беа посетени од 8.000 посетители.

Да потстетиме дека „Ангелс кафе“ кое беше во сопственост на бизнисменот Роберт Димитров (Роби „Телекабел“) беше затворен поради бројните инспекции и казни. 

Фото/Фејсбук на Ангелс кафе

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови