И деца ги донираат своите коси за да се изработат перики за деца болни од рак

Како што веќе пишуваше еМагазин, се повеќе девојки и жени ги донираат своите коси за изработка на перики за деца болни од рак.

Една од помладите донаторки кои ги испратија нивните плетенки до Холандската организација е Ива Ташкова.

Едно од фризерските студија каде што се донираат перики е Cut&Cut, но плетенка може да Ви направат во кое било студио и да ја исечат.

Потоа, за тоа каде треба да ја испратите треба да се информирате на линкот:  Vrienden van Stichting Haarwensen.

Освен во Холандија, може да се испраќа и во Белград. Повеќе можете да се информирате на линкот „Километар коса за децата“.

Станува збор за холандска организација која изработува перики за деца болни од рак.

Должината на косата треба да биде долга минимум 30 сантиметри, за да може да се донира. Се што е потребно е трпение за да се негува косата за да порасне толку долга и добра волја да се направи една толку убава и хумана работа.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Фото приказна) Во „Cut&Cut“ клиентка ја донираше косата за изработка на перики за деца болни од рак

Информирајте се каде можете да ја донирате косата за изработка на перики за деца болни од рак

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови