Цистерна излета од пат кај Делчево, тони нафта се излеа на коловозот

На магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица вчера околу 17:15 часот од патот излетала цистрена со нафта. Во незгодата нема повредени лица, но повеќе тони нафта се излеала на коловозот.

Како што информира МВР, сообраќајната незгода се случила вчера кај местото „Манасиови воденици“, кога цистерна со приколка „ДАФ“ со штипски регистарски ознаки, управувана од М.М. (47) од Штип излетала од патот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Делчево. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови