Спречен нов напад во Шпанија, убиени пет терористи

363 Views Август 18, 2017 Свет Редакција Емагазин

Шпанската полиција усмрти четворица напаѓачи од синоќешниот нов напад со комби што се случил околу 1 часот рано утринава на шеталиштето во каталонскиот туристички град Камбрилс, на 120 километри јужно од Барселона.

Неколку часа подоцна полиција соопшти дека и петиот напаѓач им подлегнал на повредите.

Во овој напад се повредени седум лица, јави шпанската телевизија РТВЕ.

Еден напаѓач е уапсен.

Комбито се појавило на шеталиштето газејќи ги минувачите, слично на нападот што неколку часа претходно се случи во Барселона. Во возилото имало пет лица. Следела полициска потера и пукотници по напаѓачите. 

Појасите со експлозиви на петтемина терористи од Камбрилс биле лажни

Појасите, што ги носеа петтемина ликвидирани терористи во Камбрилс, биле лажни, изјави каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон за локалното радио.

Веста е потврдена од експерти за деминирање експлозиви. 

МИА/Фото: АФП

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Исламска држава презеде одговорност за нападот во Барселона

МНР досега нема информации за повредени македонски граѓани во Барселона

Бројот на загинати во терористичкиот напад во Барселона порасна на 13 лица

(ВИДЕО) Терористички напад со комбе во Барселона: Најмалку тројца загинати и повеќе повредени

(ВОЗЕНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Потресни сцени по терористичкиот напад во Барселона

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови