(Фото) Пенова: Се приближува школска година, а јас немам синот во што да го облечам

Сузана Пенова на најсуров начин на сопствена кожа чувствува како е да работиш, а често да немаш ни за леб.

За нејзината животна приказна, „еМагазин“ пишуваше пред две години, но Пенова повторно ни се обрати за помош, бидејќи семејството повторно е во незавидна финансиска состојба.

Се приближува школска година, а таа нема финансии за да го подготви синот, кој ќе биде втора година средно училиште.

Вели дека освен преку нашата акција како медиум од тогаш никој нема помогнато нешто, а помалку институциите.

Оваа самохрана мајка е вработена како хигиеничарка во Општина Карпош, живее во трошна куќа со својот 16-годишен син Илија. Куќата само што не се распаднала, страв со кој се соочува секојдневно.Со синот живеат во две соби, под секакви човечки услови.

„Со една мала плата, не можам ништо да направам. За што попрво. Колку пати сум се враќала од работа плачејќи, без да имам за леб. Чистам по улиците, работам како хигеничарка во влезови, тоа што го заработувам пак не е доволно. Сама сум со синот, родителите ми се починати, немам ни брат ни сестра,“ со солзи во очите ми раскажува Сузана, во нејзиниот двор пред трошната куќа.

Во разговорот со Сузана, ја упативме да се јави на еден од броевите на специјализираниот тим на Министерството за труд и социјална политика, кој постапува по итни предмети за ранлива категорија на граѓани.

Таа не информираше дека тимот реагирал брзо, односно еден ден од нејзиното јавување.

„Направија увид во состојбата па ќе видиме. Но исто така ме информираа дека постапуваат по случаи во кои самохраните мајки не се вработени и не се пријавени. Но јас иако примам 10.000 денари, што попрво да направам со тие пари. Сепак, видоа во каква состојба е куќата“, вели Сузана за „еМагазин“.

Во разговорот за нашиот медиум, Сузана тогаш ни откри дека нејзиниот син е свесен за сиромаштијата и нема никакви барања.

„Не пребира. Заради околностите во кои живееме, детето ми е повлечено. Од нервози што не можам да му пружам како родител барем основни работи, имам еден куп болести. Еден период бев толку многу болна и само му се молев на Бога да преживеам. Си велам, ако отидам на кого ќе го оставам,“ вели Сузана.

Многу често, за да обезбеди храна за себе и за синот, им фрла смет на една бурекџилница во Карпош. За возврат и даваат од нивните производи, но вели дека во нивниот однос почувствувала потценување и газење.

Доколку сте во состојба да помогнете обратете се на бројот на Сузана 072 307 179.

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови