Од 1. септември двосменското работење во градинките

Од 1 септември градинките треба да почнат со двосменско работење, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Согласно владината Одлука донесена на 10 јули годинава, првите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот. 

Како што рече Царовска, Министерството е подготвено за отворање нови работни места, што како потреба ќе ги наложи двосмеснкото работење.

- Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавите установи, напомена Царовска на прес-конференција и најави нови инвестиции во градинките, посебно во руралните средини.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови