Сите детали: Кој и за колку го советува Заев

4526 Views Август 19, 2017 Наша тема Петре Димитров

Во моментов премиерот Зоран Заев го советуваат осум посебни советници, велат од Владата за еМагазин од каде побаравме комплетен список.

Посебните советници се вработени преку оглас, именувани како функционери, но не им следува право на апанажа.

Овие лица имаат мандат кој е врзан со мандатот на именуваниот функционер каде што се вработени, односно со завршување на нивниот мандат се прекинува и нивниот работен однос.

Висина на нивната плата е во ранг на државни службеници, од 35.000 до 40.000 денари.

Оваа се советниците:

1. Посебен советник за правда, Тања Чачарева – Илиевска

2. Посебен советник за култура, Цветанка Ласкова

3. Посебен советник за администрација, Љупка Цветкова

4. Посебен советник за односи со јавност, Марјан Забрчанец

5. Посебен советник за надворешни, Дане Талески

6. Посебен советник за евроинтеграции, Бојан Маричиќ

7. Посебен советник за земјоделство, Ленче Николовска

8. Посебен советник за екологија, Драган Јованов

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ

Премиерот засега има и четворица надворешни соработници:

Митко Андреев, ангажиран про боно или без никаков надоместок за изработка на Анализа за информација со податоци и изготвување извештај на елаборат од областа на енергетиката.

Мерсел Биљаљи, надворешен соработник за подготовка на анализи извештаи и мислења за унапредување на меѓуетничките односи. Висина на плата 40.000 денари.

Исмет Рамадани, надворешен соработник за подготовка анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО. Висина на плата 40.000 денари.

Зоран Башановиќ е под договор за ангажирање на надворешен соработник за економски прашања, на одреден временски период. Висина на плата 90.000 денари.

Фото: Влада

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.