Почина сопственикот на хотелот Епинал и ски-центарот Маврово

12333 Views Август 19, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Денеска, на 74 годишна возраст почина Ристо Пеов, сопственик на хотелите Епинал во Битола, хотел Бистра во Маврово, спортскиот ресорт и ски-центарот во Маврово.

Пеов е роден во 1943 година во село Бапчор, егејска Македонија. Комеморацијата ќе се изврши в понеделник, во 14 часот, во хотелот Епинал во Битола.

Ристо Пеов е еден од првите повратници од дијаспората од Австралија, кој во родната Македонија се врати во 1992 година. Тој беше инвеститор во угостителството, почнувајќи со Ле Гранд казината во Скопје и Битола, а потоа и во хотелите во  Маврово и Битола.

Пеов го развиваше спортскиот и ски центар во Маврово.

Важеше за влијателен и амбициозен бизнисмен со визија за развојот на туризмот и угостителството во Македонија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови