Дебармаалци ќе протестираат за враќање на тротоарите

Жителите на Дебар Маало во Скопје утре ќе протестираат пред Министерство за култура во 18 часот.

„Окупираните тротоари, неконтролираното градење, нерешениот паркинг простор и лошиот режим за дотур на роба, го направија маалото небезбедно за живеење. Дојди на мирен протест, за безбедни улици и тротоари за пешаци, во Дебар Маало, за твоето маало, за целиот град!“, се вели во поканата на фејсбук-настанот „Вратете ни ги тротоарите“.

Настанот е инспириран откако пред неколку дена, во тесните улички на Дебар Маало жена беше прегазена од комбе за дотур на роба.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови