Човечки коски, повеќе парчиња облека најдени во пештера длабока 30 метри

На 18 август, претседателот на спелеолошкиот клуб „Кораби“ Ј.О. се јавил во полициската станица во Гостивар и пријавил дека на 17 август на место викано Чавкарник, во сeло Корито, додека истражувале пештера, на околу 20 метри длабочина забележале остатоци од неколку черепи и една неексплодирана граната.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител кој наредил да се изврши увид.

„Увидот бил извршен на 19 август од страна на Јавен обвинител во содејство со полициски службеници, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и од Секторот за антитероризам при УБК Гостивар. Притоа, од дното на пештерата, на длабочина од околу 30 метри биле пронајдени и извадени дел од активирана граната од рачен фрлач, делови од човечки труп, еден долен дел од обувка, еден дел од реденик за куршуми, две чаури од патрони од ловечка пушка, повеќе парчиња облека и една запалка. Пронајдените предмети се фотографирани и доставени за вештачење“, информираат од МВР.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови