Има четири стана: Каков имот пријавила градоначалничката Теута Арифи

Во пресрет на локалните избори еМагазин започнува нов серијал во кој ќе Ви преставиме каков имот пријавиле актуелните градоначалници.

Овие податоци се однесуваат за периодот кога стапиле на функција. Се надеваме дека и нивните анкетни листови по заминување од функција, ќе станат достапни за јавноста, што моментално не е пракса.

Овојпат Ви пренесуваме каков имот пријавила градоначалничката на Тетово, кое деновиве повторно е актуелно со диватата депонија и загадувањето од истата.

Според нејзиниот анкетен лист, таа на свое има четри стана, три во Скопје, еден во Тетово.

Најскап според проценките е тој во Тетово од 90 квдрати, проценет на 3,8 милиони денари.

На име на сопругот има пријавено уште еден стан во Скопје од 40 метри квадратни.

Како заеднички имот пријавила две возила, Шевролет Каптива и Цитроен Ксара.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Теута Арифи

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот пријавил градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски

Каков имот пријавил градоначалникот Марјан Ристески

Каков имот пријавил градоначалникот Ивица Коневски

Каков имот пријавил градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови