„Дупката“ во Пензискиот фонд од 2006 до 2017 зголемена трикратно

Дупката во Пензискиот фонд е зголемена трикратно од 2006 година наваму, пишува на својот Фејсбук профил, советникот во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ.

“Главно заради тоа што претходната власт милуваше да ги зголемува пензиите, без да има економска оправданост за тоа. Ако се продолжи со ваквата пракса, дупката само ќе се зголемува, со што ќе има сè помалку пари за оние работи кои навистина се важни.

Затоа пензиите треба да се зголемуваат постепено и кога ќе има услови за тоа. Ако е поинаку, само пензионери ќе останат во оваа држава“, пишува Јовановиќ.

Тој објави и графикон на кој се гледа како растел долгот.

“Ова е дупката во Пензискиот фонд, односно средствата кои се префрлаат во фондот од централниот Буџет. 463 милиони евра. Со 463 милиони евра можат да се направат многу работи. Може да се средат здравството и образованието. Може да се гасифицира земјата. Може да се изгради хидро или соларна централа“, пишува Јовановиќ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови