Кој е Аднан Џафероски-политикологот кој ќе управува со Дирекцијата за заштита и спасување

Меѓу новите кадровски решенија, Владата го постави и Аднан Џафероски за вршител на должност на Дирекцијата за заштита и спасување.

Тој доаѓа на местото на Шабан Салиу, кој речиси 10 години беше на чело на Агенцијата.

Џафероски е дипломиран политиколог, специјалист по бизнис и менаџмент. Роден е 1969 година во с.Лажани, Општина Долнени. Член е на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од неговото основање, а од 2013 година и на Извршниот одбор на партијата.

Џаферовски дојде на директорското место во Дирекцијата во момент кога низ земјата беснееа пожари на повеќе локации, а претходниот директор беше критикуван во јавноста за лошото справување.

Сепак дождовите минатата недела успеаа да ги стават пожарите под контрола.

Фото: Фејсбук/Аднан Џафероски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!