Назначен нов управител и Надзорен одбор во велешка Колска

540 Views Август 22, 2017 Бизнис Камелија Делија

Митко Јанков е назначен за нов управител на Друштво Фабрика на шински возила Велес ДООЕЛ Велес.

Според објавата на Централниот регистар тој доаѓа на оваа позиција на местото на Борис Алчев, кој досега ја извршуваше оваа функција.

Покрај управител назначен е нов Надзорен одбор на велешката компанија со следните членови: Гаво Маркоски, Орце Стефанов, Дарко Радески, Томислав Стојановски, Петар Бошковски.

Од Надзорниот одбор разрешени се досегашните членови: Зоран Ќимовски, Александар Аврамов, Томе Каратрајков, Рената Петровска и Панче Јанев.

Фото:ФШВ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!