Соживот не се гради со “обележување на територии“

2136 Views Август 23, 2017 Мој став Петре Димитров

На новиот плоштад Скендер бег во Скопје за сега нема споменици, но има мозаици. На нив се слави албанската историја.

„Македонците си го имаат плоштадот Македонија со Воинот на коњ, а сега Албанците си добија свој плоштад со Скендер бег и останатите албански херои“, беше еден од најчестите коментари кои ги добивме по објавувањето на информацијата.

Па, така наместо граѓаните да се мешат, политичарите им нацртаа на кој каде му е местото.

Истите тие не го вадат од уста зборот соживот, а цело време прават се истиот да го нема и многу често си играат со националните чувства на сите граѓани. Посебно пред избори. Жално е што тоа уште им е адут, наместо повеќе вработувања и повеќе пари, што е желба на секој што живее во Македонија.

Од Владата, која од следната година финансиски ќе го помогне плоштадот, велат дека е ова „масло на ВМРО-ДПМНЕ“, иако истиот го гради општина Чаир, која ја води кадар на ДУИ, која нели е и во новата Влада, а беше и во претходната.

Од Општината Чаир, пак одлучија да молчат и не споделија со еМагазин, кој се е насликан на мозаиците, кој ги цртал, колку тоа чинело и дали е провокација за „другите“.

Целата оваа работа потсетува на времето кога претходната влада преку ноќ по Скопје поставуваше споменици, на познати и непознати личности од македонската историја, на што жестоко реагираше јавноста, а за дел од граѓаните и соседите беше доживеано како провокација.

Или пак се провоцираа граѓаните на локално ниво преку поставување на крстови, орли...

Наместо да градиме одбележија кои ќе не обеднуваат ние продолжуваме да се делиме по сите основи.

Колку ќе беше убаво, ако веќе морало да се прават мозаици со историја, да се наслика времето кога сите жители на оваа земја заедно ја создадоа Крушевската република.

Или уште поубаво, нешто што ќе ни биде лајт мотив за иднината, а не за минатото, кое на овие простори носи само проблеми.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Од општина Чаир молк за мозаиците на плоштадот Скендер бег

(Фото) Албанското знаме и историја главен декор на скопскиот плоштад Скендер бег

За мозаиците на скопскиот плоштад Скендер бег, за Владата е виновна ВМРО-ДПМНЕ

(Галерија) Привршува изградбата на скопскиот плоштад Скендер бег

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.