Александар Обрадовиќ му стана советник на Заев

2062 Views Август 23, 2017 Бизнис Петре Димитров

Поранешниот директор на српското електростопанство, Александар Обрадовиќ е нов надворешен советник за економски прашања за соработка на РМ со земјите во регионот во кабинетот на премиерот Зоран Заев, потврдуваат од Влада за еМагазин.

За неговите совети месечно ќе зема 72.000 денари.

Претходно, неговото име се вртеше за директорското место во ЕЛЕМ, а на тоа гласно регираа од опозицијата.
 
Српските медиуми во изминатиов период пишуваа за многу наводни афери на Обрадовиќ.

За него се пишуваше дека како директор на српското електростопанство со милионски суми исплаќал советници, делел државни тендери на фирма во која претходно бил вработен и дека делел откази на вработени во ПР-службата кога бил спомнат во негативна конотација во српските медиум.

Тогашниот премиер Александар Вучиќ го смени, според пишувањето на српските медиуми, поради малверзации во јавното претпријатие и непочитување на владината одлука за штедење.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Сите детали: Кој и за колку го советува Заев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.