Каде се продава најскапо, а каде најевтино месо во Европската унија

953 Views Август 25, 2017 Бенчмарк Камелија Делија

Романија, Полска и Бугарија се земји во Европската унија каде цените на месото се најниски, покажуваат податоците на „Евростат“.

Данска, во 2016 година имала највисоки цени на месото во однос на државите од ЕУ - за речиси 40 отсто повисоки од просекот изваден од цените во евопските земји. 

Со најниски цени на месото од земјите во ЕУ е Полска со 47 отсто пониски цени во однос на просечните, Бугарија со 44 отсто пониски и Романија со 41,1 процент пониски цени во од просекот изваден од цените во евопските земји. 

Ако се земат предвид сите земји од Европа, а не само оние кои се членки на Унијата, месото има највисока цена во Швајцарија, односно 157 отсто над просечните во ЕУ, но сепак цените во Полска се пониски дури и од оние во Македонија и Албанија. 

Претходното истражување на „Кејтерлингс“ покажа дека Швајцарија има највисоки цени на месото во светот, односно 49,68 долари за еден килограм говедско месо, што е за речиси 150 проценти над просечната цена на светско ниво. 

Од друга страна, неквалификуван работник во Швајцарија треба да работи само 3,1 часови за да може да купи еден килограм месо, додека работник во Индонезија треба да работи 23,6 часови за да може да се дозволи еден килограм место, и покрај тоа што во земјата еден килограм говедско месо чини само 9,1 долар.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА