(ФОТО) Чудо на природата: Долината на кактусите во Демир Капија која мора да ја посетите

Безброј кактуси распослани на отворено мамат погледи и воздишки. Долината на кактусите во Демир Капија која деновиве ја посети еМагазин, се повеќе станува позната за домашните и странските туристи.

Се наоѓа во селото Клисура во близина на Демир Капија.

Лоцирана е веднаш до преубавата црква Свети Никола во селото Клисура.

На прв поглед кактусите изгледаат како тука да се намерно посадени.

Но, тие се природно тука и се претпоставува дека нивното семе е донесено од птиците преселници кои наоѓаат засолниште во околните карпи.

Благодарение на влијанието на медитеранската клима во овој дел на нашата земја, создадени се услови тие веќе неколку години да се присутни и да се шират на се поголем простор.

Локалците пак, со дивото ископување во потрага по егзистенција, стануваат сериозна закана за кактусите.

Туристите овде освен за Долината на кактусите и селото Клисура доаѓаат и поради прекрасната природа, планинарењето, планинскиот велосипедизам, риболов и алпинизам по вертикалните варовнички карпи кои се лоцирани во околината.

Затоа, доколку сте во можност посететте го селото Клисура затоа што навистина има што да понуди и што да се види.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

(Фото) Убавините на Клисура: Рајот и пеколот насликани на фрескоживописот во црквата „Свети Никола“

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови