Таравари: Сите здравствени установи се во долгови

Сите јавни здравствени установи без исклучок се во долгови, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

- Треба да се направи анализа и да се види. Одговорноста не е само на еден директор, туку на сите директори. Ако треба така, сите се сменети. Се надевам новите директори дека нема да направат такви грешки и редовно ќе ги плаќаат долговите кои ги имаат клиниките, рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за поставувањето 25 табли на македонски, албански и англиски јазик пред јавните здравствени установи во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Директорката на Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар-Скопје, Шкодране Дардишта, одговарајќи на новинарско прашање рече дека долговите на клиниките се од минатата гарнитура и се обидуваат заедно со министерот за здравство и со новите директори на клиниките да најдат решение за проблемот.

Сите клиники, нагласи таа, и должат на Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар-Скопје.

Посочи дека со ЈП Водовод исто така и во соработка со Министерството за здравство нашле заеднички јазик, потпишале договор на рати и веќе два месеци редовно ги плаќаат ратите. 

- ФЗОМ на 1 јануари во 2009 година ги покри долговите на сите клиники. Тоа значи дека се израмнија кон нас и кон добавувачите со валута од 30 ноември. Што значи дека не ги покри долговите од 1 декември до 30 декември. Затоа на 1 јануари 2009 година сите клиники произлегоа со нула долгови, а ЈУ од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар-Скопје произлезе со огромен долг. Не знам дали вината треба да се бара во Јавната установа која не дава услуги за пациентите, туку само ги снабдува клиниките. Треба да го испитате линкот меѓу клиниките и Фондот, додаде Дардишта.

Извор/фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови