Убавините на Клисура: Рајот и пеколот насликани на фрескоживописот во црквата „Свети Никола“

Во селото Клисура во близина на Демир Капија веќе два века постои црквата „Свети Никола“.  Источно од селото во негова непосредна близина црквата Св. Никола е подигната во XIX век, а фрескоживописана во 1879 година. 



Овој податок може да се види од натписот испишан на фреско-малтерот над јужната врата од надворешната страна на црквата. 



Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна со голема олтарна апсида на источната страна и дрвени таваници поставени во трите кораби. 



Централниот кораб се надвишува над страничните. Таваниците се украсени со црвено - сива боја. Корабите се формирани со два реда колони кои меѓусебно се поврзани со лакови. На западната страна од црквата одвнатре е изградена галерија. 


Главниот влез во црквата е од јужната страна а има и од западната страна. Од јужната и западната страна црквата има отворени тремови и камбанарија. Фреските во црквата ги имаат насликано браќата: Вангел, Никола и Коста од Крушево, во 1879 година.



Она што ве понесува од саамиот влез во црквата се многуте бои и шаренилото на фресите. Но, здивот ќе ви го одземе кога ќе ја погледнете фреската на главниот зид каде што е насликан ѓаволот.



Многупати сме читале за различни претставувања на пеколот од задргробниот живот во кој голем број на луѓе веруваат, сме го замислувале на ваков или таков начин, но во црквата „Свети Никола“ пеколот може да се види и низ фрескоживописот насликан на еден од ѕидовите. Освен светците на ѕидовите на црквата насликан е и ѓаволот, што е реткост во православните цркви.



Човек се чувствува непријатно и морници му лазат по телото кога гледа насликани мотиви како на грешникот демоните му ја вадат душата додека тој чувствува голема мака.

Камбанаријата е изградена неодамна, донација од локални жители и на нејзе ма слика токму од светецот „Свети Никола“.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

(ФОТО) Чудо на природата: Долината на кактусите во Демир Капија која мора да ја посетите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови