Предвремена ејакулација чест проблем кај мажите, како да си помогнат

2847 Views Август 30, 2017 18+ Редакција Емагазин

Предвремената ејакулација е проблем кој во одреден период во животот ќе му се случи на секој маж, но ретко кој има храброст да зборува на таа тема.

Причини за предвремена ејакулација има многу загриженост, стрес и многу други фактори кои се разликуваат.

Како може да си помогнете:

Биофидбек

Овој концепт се потпира на идејата дека човекот може сам да ја регулира својата неврофизиологија, односно начинот на кој телото одговара на надразбите.

Тоа во практична смисла значи дека една техника може многу да помогне, а таа техника се состои од тоа што кога мажот е пред оргазам, во потполност да престане со сексот додека не ја поврати контролата над телото, а потоа да продолжи.

Техника на притисок

Кога ќе почувствувате дека се приближувате до оргазам, прекинете со сексот и стиснете го местото точно под главата на пенисот.

Дамите имаат предност

Последна работа која им помага на најголем дел од мажите е да ја задоволат партнерката пред самите да се препуштат на уживање, бидејќи кога ќе видат дека партнерката ја довеле до оргазам, се отстранува голем дел од притисокот кој најголем дел од мажите го чувствуваат за време на секс.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови