Ќе добијат ли нови имиња скопскиот аеродром и автопатот Александар Македонски

Деновиве грчките медиуми пишуваа дека грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој денеска е во посета на Македонија, од својот колега Никола Димитров, ќе побара промена на името на аеродромот во Скопје, плоштадот Македонија во Скопје, автопатот Александар Македонски...

На денешната прес-конференција на двајцата министри, Димитров беше прашан дали евентуално има одлука да се тргнат некои симболи од имиња на аеродромите и патиштата и споменици во Македонија.

Димитров рече дека единствена голема работа што ја гледаат како Влада и како општество и кон која што се стремат е голема Европа.

“Мислам дека не е многу мудро да креираме надворешна па и внатрешна политика врз историски личности од пред 2000 години. Ние сме нација што научи извесни лекции од минатото во последните неколку години. Историјата не можеме да ја менуваме. Тоа што можеме да го направиме е да ја менуваме сегашноста и да си ја отвориме иднината. Историјата треба да е учител, но, не и затвор.

Ние цврсто како политика си стоиме на нашите обврски од Времената спогодба од 1995 година. Секаде каде можеме да реагираме ќе реагираме, бидејќи е многу погрешен сигнал, како што ние не сме среќни кога нечии големи мапи навлегуваат на територијата на Македонија, така разбираме дека и Грција не е среќна кога ние или некој мавта со големи мапи.

Мислам дека е 2017 година и дека двата народа живеат многу посреќно ако има мостови и отворени врати“, рече Димитров.

Не би можел, додаде, конкретно да кажам во однос на некакви конкретни планови за статуи или тн., но не ми требаат стотина статуи за да бидам горд Македонец и тоа во смисла во која што ниту пак ми пречи кога некои грчки граѓани во Солун се нарекуваат Македонец.

“Мислам дека е 21 век и сметам дека не треба да докажуваме премногу комплекси со оглед на зацврстување на овие чувства, наведе Димитров, дополнувајќи дека ова е прашање што се провлекува многу долго и не може да се очекува да се реши набрзина“, рече Димитров.

Фото: МНР

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

И Груевски се сретна со Никос Коѕијас

(Видео) Коѕиас до Заев: Сакаме стабилност во регионот и во Македонија гледаме добар сосед

Коѕијас: Грција сака нашиот мил сосед да влезе во НАТО и ЕУ

Коѕијас за Македонија: Грција ќе продолжи со сите сили да ја подржува пријателската северна земја

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови