И Груевски се сретна со Никос Коѕијас

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕијас.

На средбата, како што се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, било разговарано за односите меѓу двете држави, за актуелната политичка состојба, како и за состојбата со мигрантите и повеќе заеднички предизвици од регионален контекст.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека партијата се залага за развивање на добрососедска политика базирана на принципиелна основа и меѓусебно почитување.

Груевски посочил дека мерките за соработка и градење на доверба меѓу двете држави кои ги воведе и започна владата на ВМРО-ДПМНЕ придонеле за релаксирање на заедничките односи и дека истите треба да бидат продолжени од актуелната влада.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, било истакнато дека стратешки интерес преставува членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО алијансата за што во изминатиот период беа направени бројни реформски процеси и достигнувања во повеќе сфери.

Соговорниците, меѓу другото, размениле искуства и мислења за проблемот со мигрантите кој што останува регионален предизвик чиј што интензитет во иднина може да предизвика последици за земјите во регионот.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Видео) Коѕиас до Заев: Сакаме стабилност во регионот и во Македонија гледаме добар сосед

Ќе добијат ли нови имиња скопскиот аеродром и автопатот Александар Македонски

Коѕијас: Грција сака нашиот мил сосед да влезе во НАТО и ЕУ

Коѕијас за Македонија: Грција ќе продолжи со сите сили да ја подржува пријателската северна земја

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови