„Тиквеш“ ја зголеми добивката

378 Views Септември 1, 2017 Вино Никола Осило

Винарската визба „Тиквеш“ АД Скопје во првото полугодие од годинава забележа раст на вкупните приходи од 11%, односно зголемување за 60,5 милиони денари.

Растот се должи на зголемувањето на приходите од домашен пазар за 10%, односно за 34,5 милиони денари и зголемувањето на приходите од странски пазари за 12%, односно за 42,5 милиони денари, соопшти винаријата преку Македонската берза.

„Повисоките трошоци на продадени производи за 12% резултираат со бруто добивка на износ од 218,5 милиони денари, односно пораст од 9% и оперативната добивка на износ од 60,8 милиони денари односно пораст за 7%. Финансиските расходи се на релативно исто ниво како и претходната година. Нето добивката пред оданочување на износ од 30,9 милиони денари претставува зголемување од 18% во споредба со претходната година“, соопшти компанијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести