Истражување: Колку македонските граѓани се задоволни од телекомуникациските оператори

470 Views Септември 3, 2017 Техно Никола Осило

Процентот на корисници, во однос на 2016 година, за секоја од електронските комуникациски услуги бележи благо зголемување на корисниците со исклучок на фиксната телефонија која го следи трендот на опаѓање започнат од 2013 година, покажува „Испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги - резиденцијални корисници“ што неодамна го спроведе Агенцијата за електронски комуникации.

Мнозинството од корисниците се задоволни од цените и од квалитетот на услугите, при што сумираното задоволство (сума од одговорите многу сум задоволен и задоволен сум) од квалитетот е најголемо кај услугата фиксна телефонија (88%), а потоа следуваат услугите телевизија (83%), мобилна телефонија (77%) и интернет (73%).

Генерално, задоволството од цените на телекомуникациските услуги во 2017 година бележат благ раст во однос на претходната година. Најголемо задоволство (сума од одговорите многу сум задоволен и задоволен сум) од цените се забележува кај корисниците на телевизија (79%), по што следуваат корисниците на фиксна телефонија (74%), интернет (70%) и мобилна телефонија (67%).

Лојалноста е највисока кај корисниците на услугата фиксната телефонија при што 7,3% од испитаниците се изјасниле дека доколку во моментот треба да одберат оператор, би се префрлиле на друг оператор; веднаш по неа следи услугата телевизија чии 11,1% од корисниците во моментот би го промениле својот оператор, додека лојалноста е најниска кај корисниците на мобилна телефонија 11,8% и услугата интернет каде 11,9% од корисниците се изјасниле дека би се префрлиле на друг оператор.

Бројот на приговори бележи намалување во однос на 2016 година. Преку телефон најмногу приговарале корисниците на услугата интернет – 29,3% од домаќинствата во кои се користи, телевизија – 13,9% од домаќинствата во кои се користи услугата од оператор, мобилна телефонија - 10% од корисниците, а најмалку се жалеле корисниците на услугата фиксна телефонија – 4,2% од корисниците.

Идентично како и во 2014 година корисниците на мобилна телефонија во 2016 година поднеле најмногу писмени приговори – 1,7% од корисниците, по нив следуваат домаќинствата во кои се користи услугата интернет и фиксна телефонија со идентични 1% од случаите од домаќинствата во кои се користат услугите, а најмалку писмени приговори се поднесени за услугата телевизија за која приговарале 0,8% од домаќинствата во кои се користи од оператор.

Фото: zeepfeed.com

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Најнови трендови во мобилната телефонија во Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!