(ВИДЕО) Големата награда на филмски фестивал во Франција за филмот „Еклер“ на Марко Ѓоковиќ

705 Views Септември 3, 2017 Забава Никола Осило

Во францускиот град Нанси каде вечерва завршува 23-то издание на Меѓународниот филмски фестивал (ФИФН) македонскиот краткометражен филм „Еклер“ на Марко Ѓоковиќ ја доби Големата награда на фестивалот.

Меѓународното жири составено од филмски прифесионалци: Елица Петкова, режисерка од Бугарија, Хајме Патрицио Пинто Гарридо режисер од Чиле и Карлос Рендон Зипагуата режисер од Колумбија, едногласно ја доделија најпрестижната награда на фестивалот за македонскиот филлм, чиј режисер, кој според нивното образложение покажал голема уметничка вештина и синематографски квалитет, како во водењето на играта на акетрите, така и во начинот на кој е обработена тематиката, со многу хумор.

Авторот на филмот Марко Ѓоковиќ не можеше да присуствува на свеченоста, но тој на преполната сала на театарот на Мануфактурата и се обрати со видео порака.

Филмот „Еклер“ ја третира приказната за синот на готвачката од Маршаловата вила, кој по десет години добива шанса да ја вкуси храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја допре.

Покрај „Еклер“ на фестивалот во натпреварувачката селекција беше прикажан и филмот„Крајот на времето“ на Милчо Манчевски.

Двата филма беа избрани меѓу 2.350 пријавени краткометражни филмови за годинашново издание на фестивалот.

Другото професионално жири, Големата нагарада на фестивалот во селекцијата на европскиот докумнетарен филм му ја даде на филмот „Длабочина два“ на Огњен Главониќ, посветен на масовната гробница откриена во околината на Белград, со сведоштвата на виновниците и жртвите.

На Меѓународниот филмски фестивал од Нанси се прикажуваат околу 150 филмови, од кои половината се краткометражни во различни натпреварувачки категории, посебна селекција за млада публика. Има инатпреварувачка европска селекција на документарни долгометражни филмови.

Минатата година наградата ја доби „Џипси Маџик“ на Столе Попов. Годинава фокусот на фестивалот е Латинска америка и популизмот, со посебна перспектива на германофонски филмови и на филмови од пораничниот регион на Источна Франција, Германија, Луксмебург и Белгија.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!