Нема веќе “Ало Таравари“

3042 Views Септември 4, 2017 Мој став Петре Димитров

Не поминаа ни 100 дена откако седна на “дрвениот стол со клинци, кои повремено излегуваат и кој воопшто не е комотен“, како што самиот тој ја опиша министерската фотељја, а Арбен Таравари, актуелниот министер за здравство реши да се впушти во нова авантура.

Оваа фотељја очигледно го „жуљја“, па сега ќе „трча„ за друга, таа во Гостивар.

Во меѓувреме ги смени сите можни директори по здравствените инстиции по земјава, кои можат да се сменат и ни кажа дека болниците ни се распаѓаат (не дека ние не знаевме), ни „продаде“ по некоја ПР финта, како таа со „Здраво Таравари“ и толку.

Од она во веќе познатиот стил: „ќе направам тоа, ќе сменам она„, остана само магла.

А толку надеж имаа граѓаните. Супер доктор конечно ќе го среди здравството. И нема да дозволи да останеме без лекари, кои масовно по „бољји живот“ изминативе години чаре бараат по белиот свет.

Ама, кој ги ферма граѓаните. Се знае чии интереси се на прво место. Партијата е пред сите.

Ако некој се уште верува дека на политичарите им е до народот, еве им класичен пример дека се во голема заблуда.

Додуша и самиот во Фејсбук статус се прашуваше дали ќе успее, а истовремено ветуваше дека ќе се бори со сите сили да донесе достоинство во здравството.

Ако толку брзо се откажа од „средување“ на здравството, кој гарантира дека ќе успее да го среди Гостивар. И таму проблеми има колку што сакаш. И таа фотељја „жуљја„.

Таравари, а сепак да бидеш само доктор? Ем ќе бидеш корисен за пациентите, ем ќе имаш време за сопствената фамилија.

Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Министерот Таравари кандидат за градоначалник на Гостивар

Министерот Таравари: Не ветувам дека нема да згрешам, но ветувам нов однос лекар-пациенти

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.