Како и зошто почнуваме да ја мразиме својата работа

453 Views Септември 4, 2017 Office Редакција Емагазин

Истражувањето кое го спровела организацијата „Хепинес ворк“, која го истражува искуството на вработените, утврдила дека двапати повеќе луѓе на возраст помеѓу 35 и 54 години се незадоволни од својата работа во споредба со оние од 18 до 34 години.

Кога ќе стигнете до 35 година, тоа се се менува а опуштеното шетање до работа кога сте помлади, се претвора во осумчасовна болка, мачење и ужас.

Се поставува прашањето дали вашата работа станува се повеќе неподнослива како стареете.

Истражувањето покажува дека што повеќе лицата се постари, толку повеќе се подложни на стрес. Тоа исто така се случува поради фактот што со годините се зголемува и одговорноста спрема работата и позицијата на која работи.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести