Хрватите имаат просечна плата од 809 евра

257 Views Септември 4, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Просечната нето плата во Хрватска исплатена за јуни изнесува 6.005 куни (809,8 евра), што е за 4,9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани.

Највисоката просечна нето плата за јуни им е исплатена на вработените во авиокомпаниите, а изнесува 10.867 куни (1.465 евра), додека пак, најниската, од 3.572 куни (482 евра), добиле вработените во текстилната индустрија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови