Каков имот има кандидатот за градоначалник, Стефан Богоев

3341 Views Септември 5, 2017 Наша тема Редакција Емагазин

Во пресрет на локалните избори, еМагазин стартува со нов серијал, во кој ќе Ви преставивме со каков имот располагаат дел од кандидатите за градоначалници за престојните локални избори.

Напоменуваме дека користиме податоци од нивните анкетени листови, доставени до Државната комисија за спречување корупција, додека биле или се на некоја друга функција.

Стартуваме со еден од најмладите кандидати, Стефан Богоев, кој е кандидат на СДСМ за скопската општина Карпош.

Според анкетниот лист кој го доставил како пратеник по последните избори, на свое име има единствено возило Априлиа Скарабео.

На име на родителите пријавил пет стана, три во Скопје и два во Охрид, дел се купени, а дел се подарок. Најголемиот од нив е со квадратура од 82 метри квадратни, во Скопје, проценет на 5 милиони денари.

На име на родителите пријавил и куќа во Скопје, од 160 метри квадратни, проценета на 6,1 милиони денари, како и земјоделско земјиште од 900 метри квадратни, во Скопје, проценето на 1,9 милиони денари.

На име на родителите пријавил уште три возила, Сеат Ибица, Шкода Јети и Нисан Јуке.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Стефан Богоев

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Има само автомобил: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник, Таравари

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови